Цената на раскошната вила скокнала по неговата смрт: Ѕирнете во домот на Шон Конери ФОТО

2,076

Прекрасната вила во Ница, Франција, која припаѓала на неодамна починатиот Шон Конери, сега е на продажба, а потенцијалните купувачи имаат можност да видат во каков луксуз уживал легендарниот актер.

Раскошната куќа на југот на Франција, оддалечена само 30 минути од Монако и Кан, му служела на Конери како семејно гнездо во кое живеел со неговата сопруга, сè додека пред 12 години не одлучиле да се преселат на Бахамите, каде што актерот почина на 31 октомври






Импозантната вила која се простира на 1.000 квадратни метри станбен простор, опкружена со повеќе од 5.000 квадратни метри велелепен двор со поглед кон тиркизното море, маѓепсува како со ентериерот, така и со екстериерот.

Минималистички, но луксузно уредената вила располага со 8 спални соби, додека главната спална соба се протега на целиот последен, четврти кат и поседува две одделни купатила и пространа просторија за облека и пресоблекување.

Во склоп на куќата се наоѓаат и две одвоени гостински вили, со свои спални соби, трпезарии и други основни простории, додека во главната вила има сè што е потребно за релаксација и забава – просторија за вежбање, отворен и затворен базен, сауна, вински подрум…

По смртта на Шон Конери, вилата дополнително добила на цена, па сега се продава за неверојатни 34 милиони долари.

 

<p>Sada se prodaje za neverovatnih 34 miliona dolara</p>

Поврзани содржини