ЦЕНАТА НА НАФТАТА СЕ СТАБИЛИЗИРА НАД 100 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ Берзите реагираат на зголемената глобална понуда

Утрово цената на нафтата повторно расте и сега цената на нафтата Брент се искачи на 101,97 долари за барел, а на американската нафта таа изнесува 93,60 долари за барел. 

19

На глобалните пазари е забележан пад на цените на нафтата за време на тргувањето и ги одразува промените во глобалната понуда и побарувачка на енергенсот.

На интерконтиненталната берза ICE во Лондон, цената на извозниот договор за сурова нафта од типот Брент за мај 2026 година падна за 2,21% и  достигна ниво од 101,14 долари за барел.






Пад е забележан и на американскиот пазар. На стоковната берза NYMEX во Њујорк, цената на суровата нафта WTI за испорака во мај 2026 година се намали за 3,11%  и изнесуваше 92,56 долари за барел.

Утрово, во 8.30 часот, цената на нафтата повторно расте и сега цената на нафтата Брент изнесува 101,97 долари за барел, а на американската нафта таа изнесува 93,60 долари за барел.

Европа реагираше на барањето  на Меѓународната енергетска агенција и ослободи големи количини од нафтените резерви, а Ирак вчера објави дека договорил премин на неговите танкери со нафта низ Ормускиот теснец.

Поврзани содржини