ЦЕНАТА НА НАФТАТА РУШИ РЕКОРДИ Американската сурова нафта надмина 84 долари, брентот се приближува кон 90 долари за барел

Аналитичарите велат дека продолжувањето на војната може да значи и нова енергетска криза во светот.

615

Цените на нафтата и денеска се во пораст. Цената на американската сурова нафта West Texas Intermediate утрово се зголеми на повеќе од 84,3 долари за барел што е  највисоко ниво од јануари 2025 година,. Суровата нафта Брент, на меѓународната референтна берза утрово изнесува 87,1 долари за барел.

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, вчера изјави  дека Иран „не бара прекин на огнот“ од САД и Израел, додавајќи дека „не гледаме причина зошто треба да преговараме“.






Дополнително американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е доцна за преговорите кои ги бара Иран и дека цената на горивата е помалку важна од она што значи војната во Иран.

Во меѓувреме Kина почна преговори со Иран да овозможи проток на танкерите со нафта и гас во Ормутскиот теснец. Иранската републиканска армија вчера објави дека ќе ги гаѓа бродовите од САД, Израел и од западните земји кои се обидуваат да поминат низ теснецот.

Аналитичарите велат дека продолжувањето на војната може да значи и нова енергетска криза во светот.

Поврзани содржини