ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПОВТОРНО РАСТЕ Брентот се продава по 111 долари за барел

Цените на нафтата беа нестабилни во последните недели, достигнувајќи рекордни м аксимални вредности во март и паднаа за повеќе од 20 отсто до нешто под 100 долари за барел.

279

Цените на нафтата повторно  се зголемија во азиската трговија поради немање знаци за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, додека пазарите продолжуваат да стравуваат за недоволно снабдување, наведува Си-Ен-Би-Си.

Поради тие трендови, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) на крајот на минатата недела повика на брзо намалување на потрошувачката на нафта.






Фјучерсите на двете референтни сорти на нафта утрово пораснаа за повеќе од 3 отсто. Северноморскиот брент беше 111,46 долари за барел, а американската лесна сурова нафта на 108,25 долари за барел.

Цените на нафтата беа нестабилни во последните недели, достигнувајќи рекордни м аксимални вредности во март и паднаа за повеќе од 20 отсто до нешто под 100 долари за барел минатата недела. На крајот на неделата повторно се зголемија и повторно го поминаа тој праг.

Поврзани содржини