ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПОРАСНА 14% ОВАА НЕДЕЛА Барел Брент се продава за 100 долари

Ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми стравувањата од подолги прекини на снабдувањето.

1

Цената на нафтата Брент утрово се задржа на 100 долари за барел и е на пат да порасне за речиси 14% ова недела, бидејќи  по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми стравувањата од подолги прекини на снабдувањето.

Цената на американската сурова нафта WTI утрово се приближи на 92 долара и е на пат да порасне за 12% оваа недела.






САД 13-ти ден по ред вршат напади врз Иран, при што двете страни ја отфрлија можноста за краткорочни разговори.

Претседателот на САД Доналд  Трамп, исто така, се закани со „голема воена казна“ против Иран и Хутите поради какви било понатамошни напади врз бродовите на Црвеното Море и рече дека размислува за „масовен напад“ врз Иран.

Неговите забелешки следеа по нападите на милитантите Хути, поддржани од Иран, врз два саудиски танкери за нафта во Црвеното Море, клучна алтернативна извозна рута за Саудиска Арабија, додека борбите продолжуваат да го нарушуваат сообраќајот низ Ормускиот Проток.

Азиските купувачи почнаа да дискутираат за пренасочување на саудиските испораки на сурова нафта преку Суецкиот канал и околу Африка.

Конзорциумот на Каспискиот гасовод ги суспендираше товарите на сурова нафта на својот терминал на Црното Море по нападите врз танкерите, нарушувајќи околу 80% од извозот на нафта на Казахстан.

Поврзани содржини