ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПАЃА Сите погледи се свртени кон Кина

Главните извозници Саудиска Арабија и Русија потврдија дека дополнително  ќе го намалат производството до крајот на годината.

772

Цените на нафтата и натаму продолжуваат да паѓаат поради слабата побарувачка во Кина која деновиве треба да ги објави економските податоци. Од друга страна главните производители –Саудиска Арабија и Русија  најавија дополнително намалување на производството.

Цената на нафтата Брент падна за 0,3%, на 84,95 долари за барел  додека  цената на американската сурова нафта  падна на  80,59 долари за барел, што е пад исто така од  0,3%.






Главните извозници Саудиска Арабија и Русија потврдија дека дополнително  ќе го намалат производството до крајот на годината.

Саудиска Арабија во неделата потврди дека ќе продолжи со дополнителното доброволно намалување од 1 милион барели дневно што значи производство од околу 9 милиони барели дневно за декември.

Русија исто така, објави дека ќе продолжи со дополнителното доброволно намалување на снабдувањето од 300.000 барели дневно од извозот на сурова нафта и нафтени продукти до крајот на декември.

Кина деновиве треба да ги објави податоците за извозот како и инфлацијата.

Аналитичарите како дополнителен притисок на цената на нафтата ја посочуваат и ситуацијата на Блискиот Исток.

 

Поврзани содржини