ЦЕНАТА НА КАКАОТО НА ИСТОРИСКИ РЕКОРД Тон од овој производ достигна цена од 9.000 долари
Само овој месец фјучерсите се зголемија за речиси 50%, а за период од една година растот е двоен.
Цената на какаото продолжува да расте како резултат на недостигот од суровина. Денеска ја достигна историски највисоката цена од 9.000 долари за тон.
Какаото на Њујоршката берза поскапи за повеќе од 700 долари по тон за еден ден, а неговата цена надмина 9.000 долари за тон. Цената дополнително се зголеми по веста за финансиски проблеми во Гана, вториот најголем светски производител на споменатата суровина.
Само овој месец фјучерсите се зголемија за речиси 50%, а за период од една година растот е двоен.
Лошата жетва поради лошите временски услови и болестите на земјоделските култури кај западноафриканските земјоделци, каде што се одгледува најголемиот дел од какаото во светот, влијаеја индустријата да бележи пад на производство, а побарувачката на суровината да расте.
Поскапувањето на какаото ќе влијае и на повисоките цени на чоколадото и другите кондиторски производи во чиј состав има какао. Следната година, според аналитичарите, може да е очекува и недостиг од овие производи.