ЦЕНАТА НА ХРАНАТА ВО СВЕТОТ НАЈВИСОКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕСЕТ ГОДИНИ Пандемијата и енергетската криза го прават своето
Растот на цените на житарките и растителните масла ги повлекува со себе и другите типови храна, а растат и цените на земјоделските производи, затоа што жетвата годинава задоцни поради ковид-пандемијата, а сега наеднаш има висока побарувачка.
Ценaта на храната во светот е највисока во последните десет години, а бележи дополнителен раст во последните три месеци, објави денеска Агенцијата за храна на Обединети нации. Растот на цените на житарките и растителните масла ги повлекува со себе и другите типови храна, а растат и цените на земјоделските производи, затоа што жетвата годинава задоцни поради ковид-пандемијата, а сега наеднаш има висока побарувачка, јавува МИА.
Порастот на цените на храната во октомври годинава имал највисок индекс од јули 2011 година. На годишна основа во октомври покачувањето на цените било за 31,3 отсто.
Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), која ги следи најчестите меѓународни цени со кои се тргува со храната во светот, во просек изнесуваше 133,2 поени минатиот месец во споредба со ревидираните 129,2 за септември.