Цената на горивата се зголемува за половина денар
Регулаторната комисија за енергетика ja зголеми и малопродажната цена на мазутот за 0,895 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 26.863 денари за килограм.
Регулаторната комисија за енергетика наместо вчера денеска ги зголеми за половина денар цените на горивата.
Според одлуката на регулагторите, „еуросуперот“ од 95 октани од полноќ ќе се продава по цена од 59,5 денари за литар, „еуросуперот“ од 98 октани ќе чини 61,5 денари за литар, додека пак „еуродизелот“ ќе се продава по цена од 50, 5 денари колкава што ќе биде и цената на екстралесното масло за греење.
Регулаторната комисија за енергетика ja зголеми и малопродажната цена на мазутот за 0,895 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 26.863 денари за килограм.
Назив | Цена | Единица мера | Важи од |
---|---|---|---|
ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 59.5 | ден/л | 14.10.2020 |
ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 61.5 | ден/л | 14.10.2020 |
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 50.5 | ден/л | 14.10.2020 |
МАСЛО ЗА ГОРЕЊЕ ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) | 50.5 | ден/л | 14.10.2020 |
МАЗУТ М-1 HC | 26.863 | ден/кг | 14.10.2020 |