ЦЕНАТА НА ГАСОТ УРИВА РЕКОРДИ Денеска се тргуваше за над 2.100 долари за 1.000 кубни метри

Цената на јануарските фјучерси во холандскиот TTF центар попладнево достигна 2.120 долари за 1.000 кубни метри или 181,47 евра за мегават час, врз основа на актуелниот курс на еврото во однос на доларот.

948

Цената на гасот продолжува да урива историски рекорди од час во час на денешното тргување во Европа и веќе надмина 2.100 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат најновите податоци на лондонската берза ИЦЕ.

Цената на јануарските фјучерси во холандскиот TTF центар попладнево достигна 2.120 долари за 1.000 кубни метри или 181,47 евра за мегават час, врз основа на актуелниот курс на еврото во однос на доларот.






Големиот дневен раст на цените започна на почетокот на денешното тргување во Холандија, кога гасот за испорака во јануари се тргуваше по 1.803 долари за 1.000 кубни метри, што е скок од 100 долари во однос на цената при вчерашното затворање.

Поврзани содржини