ЦЕНАТА НА ГАСОТ СЕ СПУШТИ НА 980 ДОЛАРИ Испораките за ноември се поевтини за 10 отсто

Екстремната нестабилност на цените на европскиот пазар на гас е главно поврзана со фактот дека складиштата за гас не се полни пред претстојната зимска грејна сезона.

1,205

Цената на гасот во Европа се намали на околу 980 долари за 1.000 кубни метри на почетокот на денешното тргување на Лондонската берза ICE.

Фјучерсите на гасот за испорака во ноември паднаа при тргувањето утрово во холандскиот центар ТТФ на 983,5 долари за 1.000 кубни метри  или  82 евра за мегават, врз основа на тековниот курс на еврото во однос на доларот (цените на берзата ICE се изразени во евра по MWh).






Вкупниот пад на цената во споредба со претходниот трговски ден изнесува околу 10 отсто, пренесува ТАСС.

На  6 октомври, цената на гасот достигна рекорд на сите времиња од над 1.900 долари за 1.000 кубни метри.

Екстремната нестабилност на цените на европскиот пазар на гас е главно поврзана со фактот дека складиштата за гас не се полни пред претстојната зимска грејна сезона, според руската агенција.

Поврзани содржини