ЦЕНАТА НА ГАСОТ НА ДВЕГОДИШЕН МАКСИМУМ Европските залихи паднаа на 49%

Европа во моментов не може да се потпре на фармите со ветерници поради слабите ветрови, што дополнително го оптоварува снабдувањето со гас.

763

Цените на фјучерсите на гасот на берзата во Амстердам ТТФ денеска се зголемија на повеќе од 58 евра за мегават-часи сега се на највисоко ниво од јануари 2023 година.

Според податоците на пазарот, европските цени на гасот во текот на денот достигнаа максимална вредност од 58.750 евра.






Европските залихи се празнат поради постуденото време, па така исполнетоста на магацините моментално е само 49%, додека лани во ова време изнесувала 67 %, пренесува Trading Economics.

Во северозападна Европа се очекуваат пониски температури, па побарувачката за енергија најверојатно ќе продолжи да расте, а со тоа и цените на гасот.

Европа во моментов не може да се потпре на фармите со ветерници поради слабите ветрови, што дополнително го оптоварува снабдувањето со гас.

Трговците, исто така, внимателно го следат развојот на настаните во Белата куќа, бидејќи потенцијалните увозни царини на Трамп за Европската унија би можеле да прераснат во спор што ќе ги зголеми трошоците за испорака на течен природен гас од САД во Европа.

Поврзани содржини