ЦЕНАТА НА ГАСОТ ДОСТИГНА ТРИГОДИШЕН РЕКОРД Нафтата Брент се продава за 84 долари по барел

Аналитичарите велат дека Европа е губитник од затворањето на производство на гас во Катар, бидејќи ова е првата опција за снабдување по целосното суспендирање на руската нафта.

200

Цените на гасот и нафтата продолжија да растат поради кризата на Блискиот Исток која влезе во својот петти ден.

Фјучерсите на европските цени на гасот во еден момент денеска скокнаа на 61 евро за мегават-час, што е највисока вредност во последните три години, а цените на нафтата Брент надминаа 84 долари за барел.






Катар го суспендираше целото производство на течен природен гас (LNG) пред два дена по нападите со ирански беспилотни летала врз клучните постројки во Рас Лафан и Месаид.

Аналитичарите велат дека Европа е губитник од затворањето на производство на гас во Катар, бидејќи ова е првата опција за снабдување по целосното суспендирање на руската нафта.

Сообраќајот на танкери низ Ормутскиот теснец, најкритичната точка во светот за испорака на нафта, е запрен бидејќи заканата од напади од Иран ги одвраќа бродовите од минување низ водниот пат.

Поврзани содржини