ЦЕНАТА НА БАКАРОТ ВРТОГЛАВО РАСТЕ Тон денеска се продава по цена од над 11.000 долари

Инвеститорите, трговците и директорите во рударството со години предупредуваат дека светот се соочува со критичен недостиг на бакар во услови на зголемена побарувачка во зелените индустрии – од електрични возила до инфраструктура за обновлива енергија. 

1,387

Цената на бакарот се искачи на своето највисоко ниво досега, продолжувајќи го повеќемесечниот раст. Фјучерсите на Лондонската берза за метали скокнаа за повеќе од 4% денеска на почетокот на тргувањето и достигна 11.500 долари за тон. Подоцна, цената на  фјучерсите за следните 3 месеци падна на 10.668 долари, а до крајот на годината на  10.713 долари за тон.

Инвеститорите, трговците и директорите во рударството со години предупредуваат дека светот се соочува со критичен недостиг на бакар во услови на зголемена побарувачка во зелените индустрии – од електрични возила до инфраструктура за обновлива енергија.






Цените се зголемија за повеќе од една четвртина од почетокот на годината, што доведе до вкупните добивки за главните индустриски метали.

 

Поврзани содржини