ЦЕНАТА НА БАКАРОТ СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ИСТОРИСКИОТ МАКСИМУМ Денеска се продаваше за 4,823 долари за фунта
Во изминатите два месеци цената на бакарот порасна за 28%, според податоците на Њујоршката берза.
Глобалните цени на бакарот се искачија на највисокото ниво во последните две години. На берзата во Њујорк во 13 часот овој метал се тргуваше за 4,8230 долари за фунта.
Во изминатите два месеци цената на бакарот порасна за 28%, според податоците на истата берза.
Историскиот максимум на цената на бакарот во светот е забележан на 4 март 2022 година, кога споменатиот метал се тргуваше по цена од 4,9375 долари за фунта.