ЦЕНА НА БОД ОД 103 ДЕНАРИ ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР Синдикатите ќе протестираат до исполнување на барањето

Конфедераццијата на слободни синдикатит (КСС) не се согласува со Предлог-измените на Законот за административни службеници со кој, според нив, зголемувањето на платите би било од 100 до 200 денари.

121

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од денеска почнува со протести пред Собранието и Владата барајќи усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата. Протестите ќе се одржуваат секој ден од 16 до 17 часот.

Синдикатот бара зголемува на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати. Не се согласуваат со Предлог-измените на Законот за административни службеници со кој, според нив, зголемувањето на платите би било од 100 до 200 денари.






Претседателот на КСС Благоја Ралповски во изјава за МИА вели дека засега немаат најава за средба во Владата.

– Остануваме на нашите барања. Секојдневно ќе протестираме. Членството е крајно разочарано и се чувствува изманипулирано. Решението е многу едноставно, а тоа е членот 88 од Законот за административни службеници кој вели дека Владата го покачува бодот – вели Ралповски.

Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата.

Поврзани содржини