ЦЕЛТА Е ДА ГО ВРАТИ ПАЛЕРМО НА ВРВОТ Пипо Инзаги има нов проект

Италијанските медиуми објавија дека Палермо платил еден милион евра отштета на Пиза, која под водство на Инзаги изминатата сезона избори пласман во Серија, прв пат по пауза од 34 години.

219

Италијанскиот фудбалски стратег Филипо Инзаги е новиот тренер на второлигашот Палермо, објави денеска клубот од Сицилија.

Палермо објави дека Инзаги потпишал повеќегодишен договор и ќе се приклучи на тимот на 1 јули.
Под водство на Инзаги, сицилијанскиот клуб, во сопственост на „Сити Фудбал Груп“, кој е сопственик и на Манчестер Сити, има за цел да се врати во Серија А.






Италијанските медиуми објавија дека Палермо платил еден милион евра отштета на Пиза, која под водство на Инзаги изминатата сезона избори пласман во Серија, прв пат по пауза од 34 години.

Инзаги во текот на својата кариера ги водеше Милан, Венеција, Болоња, Беневенто, Бреша, Реџина, Салернитана и Пиза.

Поврзани содржини