Целовечерен концерт на „Трио џентлмен” во Кавадарци

„Трио џентлмен”  е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пејачи: тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимаглоски и баритонот Кристијан Антовски.

369

Во Кавадарци вечер од 20 часот  ќе се одржи целовечерен концерт на „Трио џентлмен”,  насловен  „Поп-класика со Трио џентлмен“. Го организираат Општина Кавадарци и Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, со поддршка на Министерството за култура.

„Трио џентлмен”  е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пејачи: тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимаглоски и баритонот Кристијан Антовски.






Од Домот на културата соопштија дека поп-класичното  пеење е веќе познат жанр низ светот и дека „Трио џентлмен“ е создадено по примерот на веќе познати светски поп-класични состави,  кои подолг период го изведуваат овој музички жанр.

– Ова  е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика и во нашата држава. На нивниот репертоар се најголеми светски поп-хитови,  наполитански канцони, латино-композиции,  руски романси, македонски евергрини, балкански поп-композиции и сето тоа изведено во поп-класичен манир, појаснуваат од Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.

Поврзани содржини