ЦЕЛОСНО ПРЕКИНАТ АВИОСООБРАЌАЈОТ ВО ГРЦИЈА Технички проблем со радиофреквенции го затвори воздушниот простор
Патниците се информираат за доцнења и промена на аеродромите, додека надлежните работат на решавање на проблемот.
Воздушниот простор на Грција е целосно затворен од претпладнево, откако технички проблеми со радиофреквенциите спречуваат нормално полетување и слетување на сите авиони на грчките аеродроми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информации од Министерството за транспорт на Грција, проблемот се однесува на одредени фреквенции кои ја поддржуваат работата на ФИР Атина, односно воздушниот простор на целата земја. Надлежните институции веќе работат на решавање на проблемот со цел да се зачува апсолутна безбедност на летовите. Во меѓувреме, само дел од прелетите се опслужуваат, а на аеродромите се воведени ограничувања.
Грчките медиуми јавуваат дека авионскиот сообраќај е во прекин од околу 9 часот утрово, а дел од летовите кои требало да слетаат во Грција се пренасочуваат кон соседните земји, пред сè кон Турција. Патниците се известуваат за доцнење или промена на аеродромите за слетување.