Целосно изгаснат големиот пожар над Галичник
Утрово извид на лице место направи пешадиска единица од земја и воздухопловен Винг - воздухопловната единица на АРМ со два хеликоптери од воздух. Сите жаришта се згаснати“, напишаа од МЗ Галичник:
Целосно е изгаснат големиот пожар кој вчера беснееше над Галичник. Месната заедница на Галичник преку Фејсбук информира дека противпожарните екипи со помош на припадниците на Армијата, успеале во текот на вечерните часови да ги изгаснат сите жаришта.
„Добро утро Галичани, утрово во Галичник е мирно. Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги згаснаа и последните остатоци од пожарот. Војниците овде ја поминаа ноќта, а дополнително во текот на целата ноќ во состојба на готовност беа единици координирани од ЦУК. Утрово извид на лице место направи пешадиска единица од земја и воздухопловен Винг – воздухопловната единица на АРМ со два хеликоптери од воздух. Сите жаришта се згаснати“, напишаа од МЗ Галичник:
Претходно од Центарот за управување со кризи информираа дека пријавата за пожарот ја добиле вчера во 13.30 часот. Зафатeна била борова шума на непристапен терен, а поради силниот ветар имаше потенцијална опасност за селото и куќите во Галичник. Беше ангажиран и хеликоптер на АРМ за да помогне во гаснењето на пожарот, но поради ветерот не можеше да дејствува.