Полициски службеници од ОВР Кичево вчера ја уапсија М.С.(34) од Кичево поради запоставување на својата малолетна ќерка, информира МВР.
„Таа, со грубо запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, целосно ја запуштила својата малолетна ќерка, за што бил известен Центарот за социјални работи од Кичево. По извршени консултации со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.