Цело семејство од Охрид е пренесено во болница поради вдишување чад откако избувнал пожар во нивниот стан.
Според информациите на полицијата, вчера околу 07 часот бил пријавен пожар во стан на улицата Карпош Војвода, сопственост на К.Џ.(70) од Охрид.
Пожарот бил изгаснат, а К.Џ. и неговото семејство поради вдишен чад биле пренесени во Медицинскиот центар Охрид.
Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид. Се утврдуваат причините за пожарот.