Целиот свет е во шок од разделбата на славниот пар! По шест години врска се разделија Батлер и Браун

Веста за распадот на популарната холивудска двојка ја потврди магазинот „People“.

4,678

Холивудскиот актер Џерард Батлер и неговата девојка Морган Браун наводно раскинале, по шестгодишна врска, поради што целиот свет е во шок.

Веста за распадот на популарната холивудска двојка ја потврди магазинот „People“.






Имено, поранешната двојка последен пат била видена во јавноста кога се бакнале на плажата „Венецис“ во Лос Анџелес на почетокот на овој месец.

Џерард и Морган ја започнаа својата романса во 2014 година, но тие се разделија истата година. Набргу потоа, тие ја обновија врската, а двајцата беа видени на заеднички одмор во Мексико.

Повеќето медиуми пренесуваат дека главната причина за распадот е затоа што Батлер бил преокупиран со неговата кариера.

– Немам приватен живот – рече Батлер во 2017 година и додаде дека очекува повеќе од врската.

– Би сакал да имам едно или две деца. Време е – додал тој.

Поврзани содржини