„ЦЕЛИОТ МОЈ ИМОТ Е ПРИЈАВЕН, СЕКОЈ МОЖЕ ДА ПРОВЕРИ“ Министерот Панче Тошковски го повика СДСМ да престане со лаги и манипулации
„Одговорно тврдам дека надвор од она што е наведено во изјавата за имотната состојба, не поседувам ништо друго. Ги повикувам институциите детално да го проверат мојот имот, но и имотот на секој актуелен и поранешен функционер, особено на оние кои целиот свој живот се на товар на државниот буџет“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Во однос на обвинувањата изнесени од Богданка Кузеска од СДСМ, сакам јавно да ги демантирам и да ја информирам јавноста дека уште на 4 јули 2024 година, во законски утврдениот рок, до Државната комисија за спречување на корупцијата доставив изјава за имотна состојба. Сите податоци за мојот имот се јавно достапни на следниот линк: https://registar.dksk.mk/appointed-person/22221.
Одговорно тврдам дека надвор од она што е наведено во изјавата за имотната состојба, не поседувам ништо друго. Ги повикувам институциите детално да го проверат мојот имот, но и имотот на секој актуелен и поранешен функционер, особено на оние кои целиот свој живот се на товар на државниот буџет“.
Ова на Фејсбук го објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, откако СДСМ го поврза со наводно „подарениот имот“ на генералниот секретар Игор Јанушев. Во меѓувреме, Јанушев објасни дека не постои „подарен имот“, туку погрешно внесени пдатоци во анкетниот лист, кои во меѓувреме се коригуирани.
Министерот Тошковски упати порака до СДСМ да престане со лаги и манипулации.
„Транспарентноста и одговорноста се клучни за градење на доверба меѓу институциите и граѓаните. Време е вистината да излезе на виделина“, се вели во неговата објава на Фејсбук.