ЦЕЛИ СЕДУМ МЕСЕЦИ ВИЛМА ТРАЈКОВСКА БЕЗ ПЕНЗИЈА Кој и зошто ја оставил сопругата на Борис без примањата што ѝ следуваат?
По трагичната смрт на Борис Трајковски во 2004 година, неговата сопруга има право на пензија од државата до крајот на животот.
Цели седум месеци, Вилма Трајковска, сопруга на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, била без доживотната пензија од околу 2.000 евра месечно, која ѝ следува, откри Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи, во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 во понеделникот.
Засега нема одговор на прашањето кој е виновникот за овој административен пропуст. Се знае само тоа дека новата влада ѝ ги исплатиле пензиите на Трајковска.
По трагичната смрт на Борис Трајковски во 2004 година, неговата сопруга има право на пензија од државата до крајот на животот.
Одвреме навреме, се појавуваат иницијативи за укинување на доживотните пензии и на другите привилегии на поранешните шефови на државата. Доколку една таква иницијатива биде преточена во законско решение, Вилма Трајковска, освен пензијата, би можела да остане и без канцеларија и без огромната семејна куќа на Водно што ја доби од државата.
Сопругата на загинатиот претседател на Македонија, е основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во 2001 година со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестраниот развој на општеството. Таа исто така е основач на меѓународната фондација „Борис Трајковски“.
По смртта на Борис, таа и нејзините тогаш малолетни деца Стефан и Сара, се повлекоа од јавноста и јавноста можеше да ги види единствено кога се одржуваа годишнини од смртта на нивниот сопруг и татко.
Борис Трајковски, вториот претседател на Македонија, беше избран на 15 декември 1999 година, а неговиот мандат заврши на 26 февруари 2004 година, со трагичната смрт во авионската несреќа кај Мостар. Околностите на загинувањето на Трајковски се уште не се целосно расветлени.