ЦЕЛАТА УКРАИНСКА ЛИНИЈА НА ФРОНТОТ ЌЕ КОЛАБИРА БЕЗ „СТАРЛИНК“ Илон Маск повикува на итен крај на војната во Украина

Шефот на ДОГЕ, Илон Маск, истакна дека е ужаснат од годините на крвопролевање во војна, во која Украина на крајот нема да може да победи.

652

Шефот на ДОГЕ, Илон Маск, ја коментираше војната во Украина, тврдејќи дека украинската армија ќе пропадне без неговиот систем „Старлинк“ и дека се залага за итен прекин на конфликтот, објави Киев индепендент.

„Буквално го предизвикав Путин на физичка пресметка еден на еден околу Украина, а мојот систем ‘Старлинк’ е столбот на украинската војска. Целата нивна линија на фронтот ќе колабира ако го исклучам“, напиша Маск на неговата социјална мрежа Икс.






Маск истакна дека е ужаснат од годините на крвопролевање во војна во која Украина на крајот нема да може да победи.

Маск нагласи дека секој што навистина се грижи, размислува и ја разбира ситуацијата треба да бара крај на војната.

„Секој кој навистина се грижи, навистина мисли и навистина разбира, сака да престане оваа мелница за месо. Mир Сега!“, напиша тој на Икс.

РУБИО И МАСК НЕ СЕ СКАРАА, СУПЕР ИМ ОДИ Трамп ги оспори тврдењата за кавгата меѓу државниот секретар и шефот на ДОГЕ

Поврзани содржини