📽️ ЦЕЛАТА САЛА ВО ТИРАНА ПУКНА ОД СМЕА Рама организираше неочекуван пречек

На Самитот во Тирана присуствуваат и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, како и украинскиот лидер Володимир Зеленски.

3,370

Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) се одржува денес во Тирана, чиј домаќин е премиерот Еди Рама. На церемонијата на отворањето, целата сала се расплака од смеа по една снимка.

Рама денес во Тирана пречека 47 лидери, кои ќе разговараат за три клучни теми: Безбедноста во Европа, Економија и Миграција и млади.






Сепак, моментот за кој сите зборуваат се случи за време на официјалната церемонија на отворање на самитот.

Имено, Албанија подготви видео во кое лидерите се пречекани од бебиња – создадени со помош на вештачка интелигенција, а кои се ликовите на сите лидери кои учествуваат на самитот во Тирана. Секое „бебе“ зборуваше на својот јазик изговарајќи ја реченицата „Добредојдовте во Албанија“.

Ова предизвика смеа низ целата сала, како и бројни позитивни реакции од претседателите, премиерите и другите функционери.

На самитот присуствуваат и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, како и украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Поврзани содржини