Кај хотел „Русија“ во населбата Аеродром цела улица, се до хотелот „Хилтон е со расфрлани блокови од лим и со паднати дрвја.
Поради тоа улицата е опасна за безбедноста и за пешаците, а и за возилата кои се пренасочуваат.
Од Центарот за управување со кризи известуваат дека сообраќајот од правец на Велес кон Скопје и од правец од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата поради обилни врнежи и блокирани сообраќајници.
Регионалниот пат од село Желино кон село Сиричино е блокиран во двата правци поради надојдена вода од невремето.