ЦЕЛА СРБИЈА ЗБОРУВА ЗА НИВ Калуѓерки танцуваат на песната „Коктел на љубовта“ (ВИДЕО)

4,898

Двете калуѓерки станаа вистински вирален хит на социјалните мрежи откако се појавија снимките на кои се гледа како уживаат на една веселба под шатор. Тие беа меѓу најрадосните гости на забавата, а во еден момент се нашле и покрај пејачот кој ги забавувал гостите.

Иако ваквото однесување не е типично за жени кои се замонашиле, снимката од нивната забава наиде на симпатии претежно кај помладите луѓе. Од друга страна, постарите малку негодуваат, најчесто со коментар „како не им е срам од униформата што ја носат“.






Додека некои се согласуваат дека секој мора да има издувен вентил, други негодуваат и  осудуваат.

Медиумите наведуваат дека монахињите се од манастирот во Овчарско-кабларската клисура. Една од „актерките“ во видеото е калуѓерка, додека другата е игуманија на манастирот.

Судејќи според снимките, тие одлично се забавувале, а особено беа разиграни со песната „Коктел на љубовта“ од Недељко Бајиќ Баја, која во последно време повторно е хит на веселбите низ цела Србија.

 

@popadija88Video godine #croatia #bosnia #serbia #viral #foryoupage #foryou #fyp #balkanmusik #balkan #koktelljubavi♬ original sound – POPadija

ФОТО: ТикТок

Поврзани содржини