ЦЕЛА СРБИЈА ЌЕ СЕ ЗАРАЗИ Д-р Јанковиќ бара да се воведат ригорозни мерки за да се спречи ширењето на короната

Елементарната логика говори дека треба да се преземат ригорозни мерки кои подразбираат ограничено движење и спречување контакти. Само така ќе го спречиме вирусот слободно и физички да се шири низ Србија, објаснува д-р Радмило Јанковиќ, заменик-директор на Клиничкиот центар во Ниш.

2,082

Ако не воведеме итни рестриктивни мерки за да го спречиме ширењето на коронавирусот, тогаш ризикуваме цела Србија да се зарази за многу брзо време, предупредува д-р Радмило Јанковиќ, заменик-директор на Клиничкиот центар во Ниш.

Тој вели дека новите пациенти кои завршуваат во болница поради компликации со ковид-10 главно се невакцинирани, а како што објаснува, најголем дел од нив се млади лица и ученици.






– Без разлика на тоа што во болница завршуваат и вакцинирани и невакцинирани, сепак ова условно речено е одговорност на невакцинираните, бидејќи тие го пробија бедемот и ја започнаа спиралата која сега не можеме да ја запреме. Тешко е да се поверува дека лице на 80 години, кое лежи на респиратор, се заразило со ковид-19 поради тоа што посетувало концерти и одело на летовање. Постарите луѓе се дисциплинирани и тие се заразуваат од младите кои можат полесно да ја пројдат болеста дури и без да забележат дека се позитивни на ковид-19. Проблемот е во тоа што не се почитува изолацијата. На пример, има случај кога мајка ги изнесува своите деца на игралиште, иако целото семејство треба да биде во изолација за тоа што сите членови се позитивни на ковид-19 – вели д-р Јанковиќ за Блиц.

Тој апелира до српските здравствени власти веднаш да воведат построги мерки за заштита од ширењето на заразата.

Тешко е да се поверува дека лице на 80 години, кое лежи на респиратор, се заразило со ковид-19 поради тоа што посетувало концерти и одело на летовање. Постарите луѓе се дисциплинирани и тие се заразуваат од младите кои можат полесно да ја пројдат болеста.

Д-р Радмило Јанковиќ Заменик-директор на Клиничкиот центар во Ниш

– Мора да воведеме нови мерки. Сега е невозможно нешто да направиме во врска со зголемувањето на процентот на вакцинирани граѓани. Прашање е колку од луѓето кои сакаат да се вакцинираат се веќе заразени со ковид-19. Така што, вакцинацијата сега се одвива најмногу со бустер-дозата која ја примаат само дисциплинираните кои сфатиле дека им е неопходна – вели д-р Јанковиќ.

Според него, Србија нема избор.

– Притисокот врз здравствениот систем поради огромниот број пациенти со сериозни симптоми е таков што ни укажува дека немаме избор. Елементарната логика говори дека треба да се преземат ригорозни мерки кои подразбираат ограничено движење и спречување контакти. Само така ќе го спречиме вирусот слободно и физички да се шири низ Србија. Не треба повеќе да има дозволен влез во дискотеки, во кафулиња и ресторани, а рестрикции се потребни и за влез во продавници. Секако, потребно е повторно да се воведе онлајн настава и учениците да ја продолжат учебната година во своите домови пред компјутерите. Со такви строги мерки, бројот на заразени ќе започне да се намалува по само 15 дена – објаснува д-р Јанковиќ.

Поврзани содржини