ЦЕЛА КАСАРНА ЈА ОСТАВИЛ БЕЗ СТРУЈА И ВОДА Кривична за тетовец кој возејќи багер уништил кабел
33-годишниот жител на Тетово доби кривична пријава за сторено дело уништување или оштетување јавни инсталации.
Тетовец управувајќи багер оштетил кабел, по што касарната останала без вода и струја. Случајот е од март годинава, а МВР сега против тетовецот поднесе кривична пријава.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Л.(33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – уништување или оштетување на јавни инсталации. На 20.03.2024 пријавениот, управувајќи работна машина-багер, оштетил електричен кабел, кој го користи Армијата, односно касарната Еребино, која останала без електрично напојување и без вода“, се вели во соопштението на МВР.