ЦЕЛА ДРЖАВА Е ВО ШТРАЈК СОНК обвинува, министерот за образование негира
Според министерот, поголем е процентот на средните училишта кои протестираат, додека кај основните тој процент е помал.
Целата држава штрајкува, изјави потпретседателот на образовниот синдикат СОНК, Тафа Амети, спротивставувајќи му се со реплика на министерот за образование Јетон Шаќири кој во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не сите школи штрајкуваат и дека не може да се лицитира со проценти.
Според министерот, пак, поголем е процентот на средните училишта кои протестираат, додека кај основните тој процент е помал.