Цела бременост ја чуваа во тајност: Џесика Бил и Џастин Тимберлејк добија втор син

461

Британскиот таблоид „Дејли мејл“ ексклузивно дознава дека актерот и музичар Џастин Тимберлејк и неговата сопруга, актерката Џесика Бил добиле второ дете.

Џесика родила момче и во моментов закрепнува од породувањето дома во друштво на својот сопруг и нивниот петгодишен син Силос.






Мајката на актерката, Кимберли Конро Бил е исто така со нив за да ѝ помогне на својата 38-годишна ќерка во сè што треба. Токму нејзините пријателки потврдија дека станала баба, но портпаролите на славното семејство сè уште не ја коментирале среќната вест.

Тимберлејк и Бил не се појавиле во јавноста од март годинава, а медиумите шпекулираат дека славната двојка е во нивниот дом во Монтана од кога започна пандемијата на коронавирус.

Тие вешто ја криеја бременоста, а од почетокот на оваа година, актерката нема објавено фотографии на кои би се открило дека очекува дете.

Пејачот беше фатен од папараците како се држи за раце со актерката Алиша Вајнрајт минатата година, поради што неговиот брак со актерката беше во криза.

 

Поврзани содржини