ЦЕЛ СВЕТ Ѝ АПЛАУДИРА НА ХОЛИВУДСКАТА ДВОЈКА Милионска донација за Украина (ФОТО)
Блејк и Рајан ќе го удвојат секој долар, сѐдо износот од 1 милион долари за помош за Украина.
Актерите и сопружници Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс ја поддржуваат Украина по руската инвазија, а парот одлучил да апелира за донации.
Блејк и Рајан ќе го удвојат секој долар, сѐдо износот од 1 милион долари. Со своите пари, двојно повеќе украински семејства ќе добијат помош, а ќе обезбедат и многу донации.
„Ве молиме донирајте со нас за украинските семејства на САД за УНХЦР“, напишал Рајан со фотографија на Инстаграм, додавајќи:
„Ќе ги удвоиме вашите суми до 1 милион американски долари“, напишал актерот и додал линк за донација што води до страницата на агенцијата на ОН за помош на бегалците.
На страницата може да се донираат суми во висина од 60, 120, 240 и 1.000 долари, како и други, произволни износи.
„120 долари можат да заштитат 8 семејства од временските услови“, се наведува на страницата.
Актерите објавија линкови на своите Инстаграм профили, со што ги воодушевија нивните фанови.
„Секоја чест, најдобри сте“, „Ви благодарам, барем да има уште славни личности како вас“, „Ужасни нешта се случуваат, благодарам што зборувате за тоа“, се дел од коментарите за ваквиот потег на Блејк и Рајан.
View this post on Instagram