ЦЕЛ НОЌ ГАСНЕЛЕ ПОЖАР ВО РАДОВИШ Огнот зафатил дабова шума во селото Коџалија

86

Изминатото деноноќие, регистриран е еден пожар на отворено. Пожарникари од Радовиш гаснеле шумски пожар во селото Коџалија, над гробиштата, од 18:30 часот до доцна во ноќта, а гаснењето е најавено да продолжи и денеска, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што се појаснува, со пожарот е зафатена дабова шума. На лице место била и екипа од тројца вработени од Национални шуми подружница „Плачковица“.






Поради најавата за појава на локалните кратки, но нагли метео промени од Управата за хидрометеоролошки работи, од ЦУК препорачуваат да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита.

– Особена внимателност се препорачува при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Истовремено се потсетува за внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево – наведуваат од ЦУК.

 

Поврзани содржини