ЦЕЛ ДЕН НА ТВ СЕ ЧИТА КУРАНОТ Талибанците ги зазедоа медиумите во Авганистан

Во моментов на сите телевизиски канали во Авганистан се емитува читање на Куранот или вести за талибанските акции пренесуваат руски медиуми.

969

Талибанските борци кои ја презедоа контролата врз Кабул влегоа и во седиштето на најголемиот телевизиски канал во земјата „Толо њуз“ и се обврзаа дека ќе обезбедат заштита. Според објавата на Твитер, Талибанците влегле во комплексот „Толо њуз“, го заплениле оружјето од обезбедувањето во објектот, обезбедено од владата и се обврзале дека отсега тие ќе го штитат објектот.

Во моментов на сите телевизиски канали во Авганистан се емитува читање на Куранот или вести за талибанските акции пренесуваат руски медиуми.






Откажано е емитувањето на сите телевизиски програми. Само еден од каналите продолжува да прикажува историски документарни филмови. Претходно, разни забавни програми беа емитувани на авганистанската телевизија во овој период од денот.

Поврзани содржини