Цех од 17,7 милиони евра, најмногу во маркетите, најмалку во книжарници и хотели, со домашните платежни картички

630
Со домашните платежни картички што ги добија над 276 илјади граѓани, заклучно со 18 јули се направени над 1,2 милиони трансaкции, од кои најголем дел се во маркети (89%), ресторани и храна (5%) и за текстил, облека и обувки (3%) – објави на Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.
Вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18 јули e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги.





– Домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата: ја поддржува приватната потрошувачка, ги поддржува домашните производители и услужни дејности, придонесува за раздвижување на економската активност, придонесува за безготовинско плаќање, пишува Ангеловска, појаснувајќи дека банките ќе продолжат да издаваат и доставуваат домашни платежни картички и во текот на оваа недела.
Во меѓувреме, како што посочи, се финализираат последните приговори од Министерството за образование и наука и Фондот за здравствено осигурување.

 

Поврзани содржини