ЦЕЦА ЗА ВРТОГЛАВА СУМА ОСТАНУВА ВО „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“! Еве колку пејачката ќе земе за три сезони
Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, како што дознава српски „Блиц“, одлучила да го продолжи договорот со музичкото натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, како што дознава српски „Блиц“, одлучила да го продолжи договорот со музичкото натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, Цеца потпишала договор до 2027 година, а оваа вест пејачката ја потврди за „Блиц“.
Како што дознава „Блиц“ понатаму, пејачката ќе добива 300.000 евра по сезона, што значи дека ќе добие 900.000 евра за трите претстојни сезони.
– Цеца донесе одлука да не го напушти музичкиот натпревар во кој е од 2021 година. Таа ќе зема 300.000 евра по сезона – изјавил кратко извор за „Блиц“.
Инаку, Цеца за „Блиц“потврдила дека останува во „Ѕвездите на Гранд“.
– Точно е- кратко изјавила Цеца.