ЦЕЦА ОТКРИ ДАЛИ ЌЕ СЕ МАЖИ СО БОГДАН Добив два прстена!
Пејачката сега ги коментирала овие приказни и открила дали по вторпат планира да стапне на лудиот камен.
Српската фолк-ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија од прстенот, поради што се шпекулираше дека нејзиниот партнер Богдан Срејовиќ ја запросил.
Пејачката сега ги коментирала овие приказни и открила дали по вторпат планира да стапне на лудиот камен.
„Сакав да напишам дека не сум добила еден, туку два. Тоа се глупости. Јас реков дека повеќе нема да се мажам. Можам себеси да се замислам во венчален фустан, но да пеам на плејбек. И со задоволство облекувам венчаници, но да застанам пред матичар или поп, тешко“ – рекла Цеца во емисијата „Премиера“.
Цеца истакнала и дека нејзиниот син Вељко е најголемиот критичар кога е во прашање нејзиниот имиџ.
– Вељко ми вели: „Што си се закопчала до грло? Облекувај се како што се облекуваше“. Сакам да бидам добро облечена, да имам убави парчиња. Ако немам оригинал, сигурно нема да носам лажно. Јас сум повеќе за без име, но да биде скоцкано – рекла пејачката.
ФОТО: Инстаграм