Српската фолкерка Светлана Цеца Ражнатовиќ (47), по долги години има ново момче. Станува збор за Богдан Срејовиќ, угостител од Белград, кој е осум години помлад од пејачката, објавија српските портали.
Новопечената двојка ги сними тимот на „Папарацо лов“.
Цеца и нејзиниот партнер неодамна заедно уживаа заедно на Јахорина, а првпат во јавноста се видени во еден белградски ресторан.
На снимката се гледа дека пејачката го прегрнала новото момче и го бакнала, а потоа фатени за рака се упатуваат кон еден ресторан. На Инстаграм беа објавени фотографии од Цеца и Богдан како уживаат во своето друштво, држејќи се за рака.
Срејовиќ е успешен угостител, управува со неколку локали. Тој потекнува од успешно и славно семејство, бидејќи неговиот татко Милош Срејовиќ, неговиот татко, беше специјалист за скок во далечина, а некогаш бил и европски шампион.
Богдан ја има ќерката Искра од поранешниот брак.