ЦЕЦА ГИ НАМАЛИЛА ГРАДИТЕ, А ПОТОА ОТИШЛА НА УШТЕ ЕДНА ОПЕРАЦИЈА Пејачката не можела да ја издржи неподносливата болка

Цеца во една прилика проговорила за ситуацијата со која се справува, а поради која дури морала да оди и на естетски зафат. Имено, болката во 'рбетот била неподнослива, а сè поради големината на градите кои морала да ги намали.

1,092

Светлана Цеца Ражнатовиќ, одлично се грижи за својот изглед, кој од почетокот на кариерата го менува неколкупати. Ги зголеми усните, беше русокоса, црна, па бринета, а неодамна големо внимание во јавноста привлече нејзиниот задник за кој на социјалните мрежи порачаа дека „не изгледа како порано“ и дека е „многу поголем“. Цеца ставила и силикони во градите, а своевремено открила дека мора да ги намали бидејќи болките во ‘рбетот и биле неподносливи поради големината.

Цеца во една прилика проговорила за ситуацијата со која се справува, а поради која дури морала да оди и на естетски зафат. Имено, болката во ‘рбетот била неподнослива, а сè поради големината на градите кои морала да ги намали.






Бидејќи разликата не била преголема, кога пред извесно време отпатувала за Турција, медиумите поверуваа дека пејачката се согласила на уште една корекција, а сè поради тоа што не можела да ги намали болките. Причината за нејзиното тогашно заминување во Истанбул, меѓутоа, била сосема поинаква.

Пејачката се подложила на зафат на отстранување на вишокот од стомакот, а снимката од патувањето во болницата во Турција и подготовките ги сподели со јавноста.

Кога го решила проблемот со ‘рбетот и вишокот од стомакот кој и пречел, се свртела кон здравата исхрана и тренинзите, кои вродиле со плод, па изгледа како кога била девојка.

Цеца е подготвена да пее на снег и дожд, на горештини, но и на вртоглави потпетици, кои секако не се добри ниту за ‘рбетот, ниту за стапалата.

Во текот на последниот настап, поради неподносливите болки, таа дури морала да побара стол за да седне, бидејќи откажување на настапот не доаѓало предвид.

– Претпоставувам дека ги оптоварив стапалата, секогаш сум на десетка, дванаесетка. За првпат во мојата 35-годишна кариера побарав стол на сцената, бидејќи повеќе не можев да ја поднесам болката во зглобот. Што сè ние жените мораме да издржиме – рекла фолк ѕвездата која порано знаеше и да ги соблече високите потпетици на сцената, што на публиката не и пречеше.

 

 

Поврзани содржини