ЦДУ ИМА РАЗБИРАЊЕ ЗА СТАВОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ Пратеникот Бејер ги отстрани „дилемите“ што рекол за Сител

Дадов интервју за ТВ Сител за време на мојата посета на Скопје и во интервјуто истакнав дека уставните измени треба да бидат направени што поскоро наместо што подоцна. Но, јас исто така го нагласив моето целосно разбирање за грижите кои ВМРО-ДПМНЕ и македонските граѓани ги имаат за ова прашање. Ставот на сестринската партија на ЕПП, ВМРО-ДПМНЕ, е веќе јавно добро познат и препознаен. Фокусот на земјата на нејзиниот Европски пат треба да биде на предизвиците и на грижите истакнати во Извештајот на ЕУ за напредокот, напиша пратеникот на ЦДУ на Фејсбук.

1,744

Петер Бејер, пратеник од моќната партија ЦДУ во германскиот Бундестаг, на Фејсбук го дообјасни она што го рекол во интервјуто кое тој вчера го даде за ТВ Сител. Во интервјуто Бејер вчера изјави дека со сигурност знаме дека  ВМРО-ДПМНЕ сака да се измени Уставот, но и дека имаат аргументи и причини зошто велат не сега, а тоа, како што посочи, е поради процедурите за негова промена, но и поради однесувањето на Бугарија и некои од нејзините највисоки претставници.

Денеска на Фејсбук Бејер напиша:






„Дадов интервју за ТВ Сител за време на мојата посета на Скопје и во интервјуто истакнав дека уставните измени треба да бидат направени што поскоро наместо што подоцна. Но, јас исто така го нагласив моето целосно разбирање за грижите кои ВМРО-ДПМНЕ и македонските граѓани ги имаат за ова прашање. Ставот на сестринската партија на ЕПП, ВМРО-ДПМНЕ, е веќе јавно добро познат и препознаен. Фокусот на земјата на нејзиниот Европски пат треба да биде на предизвиците и на грижите истакнати во Извештајот на ЕУ за напредокот“.

Поврзани содржини