ЦДЦ: Коронавирусот и сезонскиот грип страшно ќе го оптовари здравствениот систем на САД

322

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) предупредува дека основната активност на новиот коронавирус во комбинација со главната сезона на грип оваа есен може да претставува огромен товар врз здравствениот систем.

– Центарот бара итно одобрение за употреба на тест за откривање и разликување на грипот од ковид-19 – изјави денеска директорот на Центарот, Роберт Редфилд пред комитетот на Претставничкиот Дом на САД.






Тој изјави дека Центарот за контрола и превенција на болести работи со производителите со цел да се зголеми пристапот до вакцините против грип.

САД имаат повеќе од 1,82 милиони случаи на коронавирус и над 106.000 смртни случаи како резултат на Ковид 19.

– Тоа е најголемиот предизвик во јавното здравство во последните 100 години – рече Редфилд.

Поврзани содржини