„Cartago delenda est“ – или СДСМ мора да падне

Денес во Македонија имаме Катон во ВМРО-ДПМНЕ, во премиерот Мицкоски кој е јасен во својот став дека промена на уставот во вакви услови – нема да има. Дали кај Мицкоски ќе се повтори крајниот исход како кај Катон – успех на стратегијата – не знам. Имаме исклучително комплексна ситуација во светот, а за жал, комплексната ситуација во светот носи други предизвици кои македонските идеи и цели ги туркаат настрана.

332

Во римскиот сенат, постоел еден сенатор со име Маркус Катон Стариот. Како и другите сенатори, Маркус станувал и ќе зборувал за жетвата, за даноците, за санитарните јазли или аквадуктите на Рим, и секогаш, без исклучок, го завршувал говорот со истата реченица: „Cartago delenda est“ или преведено на современ македонски јазик – „Картагина мора да падне“. Мотивите на Катон, најверојатно се сведуваат на фактот дека во тој период, водени се три војни меѓу Рим и Картагина, и тој сметал дека најголемата закана за Рим е Картагина. Неговата упорност преточена во стратегија, па дури и во опсесија, денес често се наведува како симбол за упорност, принципиелност и политичка стратегија.

Денес во Македонија имаме Катон во ВМРО-ДПМНЕ, во премиерот Мицкоски кој е јасен во својот став дека промена на уставот во вакви услови – нема да има. Дали кај Мицкоски ќе се повтори крајниот исход како кај Катон – успех на стратегијата – не знам. Имаме исклучително комплексна ситуација во светот, а за жал, комплексната ситуација во светот носи други предизвици кои македонските идеи и цели ги туркаат настрана.






За разлика од Рим, каде што големиот говорник Катон бил единствен во својата упорност, во Македонија има и втор. Венко Филипче упорно го повторува својот „деленда“ момент. Само што наместо да повика на уништување на надворешна закана, тој упорно работи на самоуништување на Македонија. За среќа, резултатот не може да биде уништување на Македонија, но дефинитивно се гледа забрзано движење кон уништување на СДСМ.

И тука доаѓаме до клучот. Венко Филипче не е „било кој“. Човек кој завршил неврохирургија, не може да ниеден начин да биде наречен ниту глупав, ниту луд. Но, ете, не гледа… Не гледа дека во мај/јуни 2024 година, СДСМ претрпе историски пораз. Речиси 3:1 во гласови, уште поголем сооднос во пратеници. Не гледа дека народот зборуваше јасно што сака, а игнорирањето на народот од страна на СДСМ го даде изборниот резултат. Ете, Венко не ја гледа главната причина! Инсистирањето на промена на Уставот спротивно на волјата на јавноста. Нашиот Катон од левиот политички спектар, наместо да се повлече, да се преиспита, да се обиде да разбере, одлучи да ја води партијата на пат кон бездна: на неколку дена пред стартот на кампањата за локалните избори, Венко Филипче поднесува резолуција во Собранието. Маскирана како „македонски црвени линии“, таа всушност е повторување на истата теза што народот веќе ја отфрли. Првата точка? Промена на Уставот. Демек нуди „црвени линии“, а во суштина знае дека има потпишани и погазени од „линии“ на СДСМ трипати досега. Упорноста не е доблест кога води во ѕид. Таа станува стратегија на самоуништување.

Има и трет лик во играта, кој барем формално е професор по право, кој пак е упорен во својата инфантилност. Во еден ден ја претвори својата фејк-левица во „фекалевица“. Но, прениско е за да се занимавам со него и неговата политичка „итроштина“ во две колумни, па овој мал пасус е доволен.

Во политиката, повторувањето може да биде моќна алатка. Но, примарен, есенцијален услов е тоа повторување да е во служба на народот! Никако не смее да биде средство за игнорирање на демократската реалност. Како што Катон ја завршувал секоја реч со „Картагина мора да падне“, така денес Филипче ја започнува секоја иницијатива со „Уставот мора да се смени“. Па, почитуван докторе, прими ја оваа информација „к знању“. Картагина овојпат е СДСМ. Со ваквиот став, ја носите Македонија во една опција – СДСМ мора да падне!

Поврзани содржини