„Изборниот процес треба да продолжи веднаш по завршувањето на вонредната состојба. Со оглед на тоа што операционализацијата на сите активности тече и дека Владата треба да биде многу оперативна во овој период, но и по последните податоци од тестирањата сметам дека ни е потребно вонредната состојба да биде продолжена уште одреден период, можеби не 30 дена, но одреден период за да ги разгледаме сите околности“, додаде Царовска.