Царовска: Со отворањето на градинките и од 1 октомври училиштата, можно е да се смени епидемиолошката слика

966

Министерката за образование и наука Мила Царовска вечерва во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма, истакна дека очекува епидемиолошката слика да се измени со отворањето на градинките, враќањето на родителите на работа и почетокот на учебната година на 1 октомври и не ја исклучи можноста во ноември да се сменат дел од одлуките. Царовска потенцира дека владата будно ја следи состојбата со коронавирусот.

– На секои две недели се преиспитуваат и се носат одлуки. Нашата држава покажа дека знае да се справи со ситуацијата. И верувам на Комисијата за заразни болести. Нашиот здравствен систем не беше оптоварен. Тоа ми дава за право да верувам дека Комисијата носи добри одлуки – вели Царовска.






Таа посочи дека во државите, во кои биле отворени училиштата за сите деца, биле брзо затворени поради влошување на епидемиолошката слика и задоволна е што тоа сценарио е избегнато кај нас со постепеното отворање на предучилишните и училишните установи и примената на комбиниран модел- физичко присуство и онлајн настава

Поврзани содржини