ЦАРОВСКА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ЗА ДОВЕРБАТА Со оставката на лидерот, престанува мандатот на партиското раководство

2,880

Министерската за образование и наука и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска објави дека со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото партиско раководство.

Таа му заблагодари на претседателот на СДСМ за укажаната доверба и за можноста да даде придонес во градењето општество за сите.






“Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Останувам посветена на борбата за социјалдемократските вредности”, напиша Царовска на својот профил на Фејсбук.

Поврзани содржини