Царовска: Прерано е да се зборува колкав ќе биде падот на БДП

Имаме оптимистичко сценарио, но и песимистичко со намалување на приходите во буџетот - вели Царовска.

208

Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд исто така проектираат дека ќе имаме пад во нашата држава, и во регионот и светот воопшто, со очекување дека следната година брзо ќе се врати растот и брзо ќе се рестартира економијата. Нашите проекции се исто во таа насока. Ова денеска го соопшти вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање.

– Имаме оптимистичко сценарио, но и песимистичко со намалување на приходите во буџетот. Но, сметам дека и министерката за финансии денеска изјави дека во суштина се движиме во рамки на она што е очекувано како приходна страна на буџетот. Очекувам овој пад на приходите се надмине кога економијата ќе се рестартира – рече Царовска.






Сите мерки кои се прават од страна на Владата, како што рече, во соработка со компаниите и граѓаните ќе направат една поддршка која ќе го намали ризикот за неликвидност или потешко рестартирање понатаму на економијата.

Царовска смета дека е прерано да се зборува колкав ќе биде падот на БДП и посебно по сектори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека платите на функционерите не им се префрлени.

Поврзани содржини