Царовска: Платформата ќе биде предизвик за сите, но верувам дека ќе ја засакаме

Подготовката беше голем предизвик, но таа е влог во иднината и модернизација на образованието. Таа е алатка која во оваа учебна година значително ќе помогне да го задржиме квалитетот на образовниот процес и во услови на пандемија – рече Царовска.

910

На денешната прес-конференција во владата, заедно со премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука Мила Царовска ја претстави Националната платформа за онлајн-учење која ќе се употребува во новата учебна година.

– Откако дојдово на оваа функција силно се посветивме на креирањеа на платформата за учење од далечина, која ќе ја презентираме денеска. Подготовката беше голем предизвик, но таа е влог во иднината и модернизација на образованието. Таа е алатка која во оваа учебна година значително ќе помогне да го задржиме квалитетот на образовниот процес и во услови на пандемија – рече Царовска.






Министерката истакна дека платформата е првиот чекор кон модернизација на образованието, нова алатка за која е убедена дека ќе биде значаен ресурс и по надминувањето на кризата со ковид-19. Таа додаде дека периодот што следи дека нема да биде лесен за никого, ниту за професорите, ниту за учениците, ниту за родителите, затоа што промените се секогаш тешки, а прилагодувањето бара огромна жртва од секого.

– Јас сум убдена дека моделот кој што го избравме ќе биде баланс на добро образование и заштита на јавното здравје. Платформата ќе биде предизвик за сите, но уверена сум дека секој ќе го совлада работењето на неа и дека сите ќе ја сакаме истата. Таа е практична, лесна за користење и прилагодена за сите кои ќе ја користат – изјави Царовска.

Министерката вели дека воведувањето на платформата како новина отвара можности наставниците на едноставен, прифатлив и креативен начин да ја одржуваат комуникацијата со учениците. Таа отвара можност за дигитализација и достапност на содржините кои се исклучително важни во оваа дигитална ера и го доближува образованието и наставните содржини до учениците на каналите кои што тие секако често ги користат.

– Националната плаформа ќе биде многу повеќе од добра замена на традиционалното учење. Ученикот преку компјутер, мобилен телефон ќе може да ја гледа училницата и наставникот и обратно. Дополнително ученикот ќе може да ги користи сите поставени аудио и видео материјали и да ги изработува домашните задачи и наставата нема да биде здодевна – објасни Министерката.

Според најавата платформата ќе има брзи квизови, брзи тестови и други содржини кои што ќе бидат поставени на неа, а исто така учениците ќе може да предлагаат надоградување и менување на платформата, па така тие директно ќе се вклучат во изработка на материјалите кои ќе сметаат дека се прилагодени на нив.

– Платформата практично ќе дозволи учениците и просветните работници заедно да го унапредуваат нашето образование, не само за сега, туку и за иднина. Тоа е огромна вредност со неизмерно заначење за нашата држава и за нашиот образовен процес – истакна Цароска.

Националната платформа за онлајн-учење е изработена од министерството за образование и наука, ФИНКИ и секако МАСИТ кои биле поддшка во изминатиот период. Во тек се обуките на наставниот кадар кој бил во три фази. Во првата биле опфатени 30 национални обучувачи од редот на наставниот кадар од различни основни и средни училишта. На второ ниво биле вклучени 1.600 наставници кои се номинирани за училишни обучувачи од сите училишта, кои во третото ниво нивното занаење за националната платформа треба да го пренесат на останатите наставници.

Поврзани содржини