Царовска: Неоправдан е стравот дека правиме реформа за да ја задоволиме Бугарија

Министерката рече дека со години го бираме тајминот за промени и веќе е крајно време за преземање конкретни чекори.

656

Министерката за образование, Мила Царовска во вечерашното гостува на телевизија Канал 5 рече дека реформата во образованието не се прави за да се задоволат барањата на Бугарија, туку за да се  реализира зацртаното во Законот за образование.

– Неоправдан е стравот дека со реформата ќе излеземе во пресрет на барањата на Бугарија, затоа што оваа реформа не е поврзана со ниту едно надворешно политичко прашање. Проблем настана кога започнаа во јавноста да се пласираат лажни вести поврзани со предметот историја – рече Царовска.






Таа додаде дека со години го бираме тајминот за промени и веќе е крајно време за преземање конкретни чекори.

Поврзани содржини